Парламентарното мнозинство не работи – Проблеми за Владата на Заев

0
58

34-та собраниска седница е прекината поради недоволниот број присутни пратеници

Собраниската седница започна денес по два часа од закажаното време и веднаш беше прекината поради недоволниот број присутни пратеници во салата.

Откако заменик министерот за правда Агим Нухиу го образложи Предлогот поднесен од Владата за изменување и дополнување на Законот за мали прекршоци, со скратена постапка, што се однесува на полесни прекршоци во животната средина, гласањето беше откажано, бидејќи немаше кворум и претседателот на Собранието ја прекина седницата 

На дневен ред на оваа сесија се околу 70 точки, меѓу кои Предлог законот за дополнување на Законот за средно образование, со скратена постапка, Информација за Нацрт-концептот за основно образование, предложени измени во законите за оружје, за кршење на јавниот ред и мир, за патни исправи, за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за здравствена заштита.