Колите со бугарски таблички ќе се регистрираат со 50 отсто поевтини давачки

0
72

Од денеска возилата со странски таблички кои се возат низ државата ќе може да се регистрираат со 50 отсто намалени давачки. И покрај тоа што на овој начин се очекува во Буџетот да се соберат околу 20 милиони евра, сепак граѓаните коментираат дека Владата не мора да го полни Буџетот со легализација на бугарскиот крш по улиците.

Увозниците на стари автомобили сметаат дека ваквиот потег на Владата е нефер кон нив, бидејќи тие треба да плаќаат еколошка такса и двојно поголеми давачки за увоз на автомобили.

Пререгистрацијата на возилата со странски таблички, по донесувањето на законското решение, е овозможено со донесувањето на правилникот за Поединечно одобрување на возилата, кој откако ќе биде објавен во „Службен весник“ ќе стапи на сила и законот.

– Во законското решение кое го усвоивме предвидено е Законот да стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во „Службен весник“. Токму во одредени членови од Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а Министерството за економија го донесе правилникот за Поединечно одобрување на возилата, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.