Курти сака дијалог со косовските Срби наместо со Белград

0
59

идерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави дека наместо дијалог со Белград, тој сака да се приклучи на внатрешниот дијалог, кој ќе биде фокусиран на косовските Срби.

„Сакам да се вклучам во дијалог со косовските Срби, кој ќе биде фокусиран на развојот. Секој треба да се третира подеднакво и со почит, но ние мора да престанеме со гласните фрази, како што е дијалогот за помирување или историскиот дијалог“, изјави Курти за швајцарскиот весник „Ле Темпс“, пренесува Економија на Интернет.

Тој праша зошто албанските и српските земјоделци нема да се обединат и зошто нема да се дискутира за оплодување, ѓубриво, машини, производство или цени на горивата.

„Да почнеме со нешто, наместо да ги повторуваме истите прашања во врска со идентитетот, а што се однесува до дијалогот со Србија, тој треба да се спроведе во корист на населението. Досега тоа беше поврзано со тоа кој што добил од дијалогот, односно што добил Вучиќ и што Тачи, автократски лидери кои се состанале зад затворени врати “, рече Курти.