Трчањето е ПРОТИВОТРОВ за пандемискиот стрес – велат стручњаците!

0
60

„Напнатоста што ја чувствуваме треба да се ослободи“, вели Инго Фобосе, професор на Универзитетот за спорт во Келн.


Неговиот совет е буквално да избегате од стресот. Вежбањето ослободува ендорфин и ги намалува хормоните на стресот. Покрај тоа, дури и умерено вежбање резултира со зголемено чувство на среќа и задоволство, покажале студиите.
Но, ако сакате да го ублажите стресот на овој начин, внимавајте да не претерате.
Ако претерате со вежбање кога веќе сте нервозни, може да предизвикате спротивен ефект и да го зголемите нивото на кортизол, хормонот на стрес.


Во идеални ситуации, ќе вежбате надвор, на свеж воздух и дневна светлина, што е исто така добро за вас.
Спортот ослободува хормони како серотонин и допамин кои помагаат во концентрацијата, го подобруваат расположението и го зголемуваат сопственото чувство на благосостојба, вели спортскиот научник Јохана Руп.


Многу е важно да изберете спорт во кој уживате. Ако вежбањето не е забавно за вас, тоа нема да помогне ниту во ослободувањето од стресот, туку само ќе стане друго малтретирање.
Ако преферирате возење велосипед од трчање, седнете на велосипед, а можете да играте и пинг-понг во парк или само да прошетате.