Надежта останува, голема победа на Македонија против Италија!

0
84

Македонската кошаркарска репрезентација ја победи Италија со 87-78 и остана во игра за пласман на Европското првенство, но во финишот од мечот со повреди најдобриот, Ненад Димитријевиќ.

Македонија оствари голема победа над Италија и ги задржа шансите за пласман на Евробаскектот, но за да остане така до утре, Естонија треба да загуби од Русија.
Италија доминираше во првото полувреме, тогаш изгледаше дека ќе го забележиме и петтиот пораз во квалификациите. Во еден период имавме негатива и од 16 поени разлика, на одморот се замина со водство на Италијаните од 52:41.
Работите почнаа да се менуваат во второто полувреме, Македонија почна да ја топи предноста на Италија, Димитријевиќ и Магдевски играа одлично, а првото водство го добивме со спектакуларен кош на Нено кој погоди од својата половина со истекот на времето за крај на трета четвртина. Македонија поведе со 67:65.
Во последните десет минути продолживме со одлична игра, дојдовме и до највисоки десет поени разлика и до крајот рутински го донесовме натпреварот до крај. Македонија победи со 87-78.
Црна точка на натпреварот се случи во финишот од мечот, Димитријевиќ го повреди коленото и последните 2-3 минути ги помина на клупата. Првиот впечаток не е добар. Но во текот на денот ќе се знае дали се работи за повреда поради која нема да може да настапи против Естонија. Тоа би било голем удар за македонската репрезентација.
Токму Димитријевиќ беше најефикасен со 22 поени, имаше и седум асистенции и пет скока, Магдевски реализираше 20 поен, Војдан Стојановски 16, а двоцифрен беше и Вајли со 13 поени. Во составот на Италија, Спису погоди 17 поени.
Утре во 15 часот ќе играме клучен меч против Естонија, но само ако тие денеска загубат од Русија.
Преземено од mkd.mk