Побарани максимални казни за обвинетите во „Таргет-Тврдина“

0
75

Обвинителството успеа да докаже дека обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат и покрај сите пречки со кои се соочуваше во истрагата за случајот „Таргет-Тврдина”, рече обвинителката Ленче Ристоска, во завршните зборови за главниот предмет за незаконското прислушување кое се вршело од 2008 до 2015 година.

„Имајќи ги предвид последниците од кривичните дела и импактот кој овие последици го имаат како на животите на лицата чии комуникации биле незаконски следени, така и на целокупните општествени процеси, сметаме дека нема пречка за обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујоски и Надица Николиќ, како создавачи на групата, да бидат изречени максимални казни затвор за секоја од кривичните дела кои им се ставаат на товар“, изјави Ристоска.

Во однос на ништењето на системот за следење на комуникациите, Ристоска рече дека судот треба особено да го следи износот на штета, што е нанесена со ваквите постапки на обвинетите и да изрече казни, со кои се постигнуваат целите на казнувањето