Познат грчки актер приведен поради силување на момче

0
59

Познатиот грчки актер и режисер, Димитрис Лигнадис (56) е уапсен под обвинение за силување, јави Би-Би-Си.

Лигнадис е обвинет за силување на 14-годишно момче во 2010 година и за друг сексуален напад, но деталите за тоа друго дело не се објавени во јавноста.

Поранешниот уметнички директор на Националниот театар на Грција ги отфрли сите обвинувања, објави неговиот адвокат.

Тој рече дека Лигнадис бил уапсен откако доброволно се појавил во саботата во полициската станица во Атина.

Актерот во моментот е во притвор каде чека да се појави пред истражниот судија, пишува Би-Би-Си, повикувајќи се на весникот Екимерини.

Лигнадис се повлече од функцијата директор на почетокот на овој месец, жалејќи се на „токсична клима во која доминираат гласини и озборувања“.