Русковска тврди дека навреме го информирала МВР за Мијалков, оти имала информација за бегството

0
59

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција во емисијата „360 степени“ на Алсат посочи дека уште во саботата на пладне му кажала на министерот Спасовски дека има информација оти Сашо Мијалков се подготвува да бега. Во три часот попладне Спасовски побарал Русковска да напише службена белешка за сознанијата. Напишала и во пет попладнето ја испратила во МВР. Доцна вечерта околу 11 часот, полицијата ѝ одговорила со исто известување како нејзиното, со плус генералии за Мијалков.

„Јас се јавив на директорот на полиција, го прашав дали оствариле контакт со Агенцијата за национална безбедност и дали тие имаат некои сознанија при што директорот ми кажа дека Агенцијата за национална безбедност нема сознанија за бегство на Сашо Мијалков“, рече Русковска.