Села им напиша писмо на европските пратеници: Изборот на Насер Зибери за народен адвокат е невиден напад врз независни институции

0
95

Села со писмо до европратениците: Изборот на народен правобранител на Насер Зибери невиден напад врз независни институции

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, им се обрати преку писмо на Европските членови на Делегацијата на Европскиот парламент (ЕП) во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, за да ги информира за случувањата во земјата, особено за изборите на Насер Зибери како народен правобранител.

Заблагодарувајќи им се на европратениците за нивната улога во обезбедувањето на континуирана поддршка на ЕП за проширување на ЕУ, Села го истакна недостатокот на политичка волја во Северна Македонија за воспоставување на владеење на правото, независност на судството и зајакнување на институциите

Во своето писмо, Села го потенцираше зголемувањето на корупцијата во земјата, потсетувајќи на скандалот „Рекет“ и другите случувања што доведоа до катастрофален ранг во индексот на перцепција на корупцијата 2020 и категоризација на Северна Македонија како „хибриден режим“ во „Економист“ 

Во врска со изборот на Насер Зибери за народен правобранител, Села вели дека изборот претставува невиден напад врз независни институции. Според него, политизиран народен адвокат не може да ги извршува своите функции во согласност со меѓународните конвенции и националното законодавство, особено Париските принципи на Обединетите нации и Законот на Северна Македонија за народен адвокат.

На крај, Села ги повикува Европскиот парламент и членовите на Делегацијата ЕУ-Северна Македонија да го кренат својот глас против политизацијата на независните институции и општото владеење на правото во Северна Македонија.