Спасовски не поднесува оставка и не се чувствува одговорен!

0
49

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека Министерството за внатрешни работи ги презело сите мерки и активности и работи на пронаоѓање и приведување на посакуваното лице Сашо Мијалков.

„Во саботата околу 20:30 часот добив повик од обвинителката Вилма и таа ме извести дека знае дека обвинетиот Сашо Мијалков се подготвува да избега Околу 14:45 часот од правецот на Мепсо кон хотелот Метриот, Мијалков бил забележан со женкса и тројца мажи како влегуваат во подземните гаражи. Околу 15:05 часот е забележано како излегуват три возила, но не може да се утврди дали Мијалков бил  во тие автомобилите. Во целиот овој период, полициски екипи беа стационирани околу хотелот Мериот и објектот на улицата Тодор Александров, како и на периферијата на градот Скопје. Околу 21 часот; 30 е утврдено дека Мијалков не е таму. Беа извршени претреси во три стана во сопственост на Мијалкови, потоа во станот на улицата Народен Фронт и извршени се други активности со цел да се најде лицето. Во текот на вчерашниот ден беа спроведени информативни разговори со 10 лица, додека денес продолжуваме со сите расположиви мерки за пронаоѓање на лицето. „Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со сите средства да го бара бегалецот“, изјави Оливер Спасовски,