Твоја: Бегството на Мијалков е последниот чин од договорот со Заев

0
54

Играта е почната уште во 2016 година кога Заев се уште беше градоначалник на Струмица, со договори за инспекциите во општина Струмица, па преку амнестија, менување на закони, па обезбедување на 8 пратеници за уставните измени, па пуштање од притвор, со објаснувањето на Заев  дека „одглумил дека е против притвори”, за да не оди Мијалков во притвор. Подоцна следеше изјава на Заев каде објаснува како го носи Законот за јавно обвинителство за некои лица да не одговараат, а некои помалку да одговараат, соопшти партијата Твоја.

Повеќе од јасно е дека ова е само реализација на одамна постигнат договор помеѓу Зоран Заев и Сашо Мијалков. Со ова, СДСМ ги исполни ветувањата дадени на Груевски и на Мијалков, а не ветувањата за правда, кои му ги дадоа на народот. Во суштина се примени истото сценарио како и при бегството на Груевски.

Затоа, потребно е Јавното обвинителство веднаш да почне сериозна истрага за контактите на Мијалков и Заев и нивната меѓусебна поврзаност од август 2016 до денот на бегството, 21 февруари 2021.

Во бегството на Мијалков најголема одговорност има Заев. Меѓутоа кривична и политичка одговорност има и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и службите во МВР, поради непреземање на соодветни мерки. Кривична и политичка одговорност има и директорот на Агенцијата за национална безведност, за непреземање соодветни мерки.

Најдиректна одговорност има обвинителството, кои наместо да постапат како во случајот „Монструм”, со изрекување мерка притвор и превенирање бегство, тие напротив, оставија простор и можност за бегство на Мијалков. Клучно во овој момент е замрзнување и конфискување на целокупниот имот на Мијалков, неговото блиско семејство, како и фирмите кои директно или индиректно се поврзани со него.

Во овој момент најважно е спроведување на сериозна истрага и лоцирање на одговорноста кај Обвинителство, МВР и Агенцијата за национална безведност. Меѓутоа покрај оставка од Оливер Спасовски, очекуваме  веднаш неотповиклива оставка и од Заев“, се вели во соопштението на Твоја.