Тетово Транспорт- Правиме напори да стартуваме со работа оваа пролет

0
90
 
Правиме напори да стартуваме со работа во еден од наредните неколку месеци. Ова го изјави Дарко Спировски новоназначениот управител на Јавното претпријатие за градски превоз Тетово Транспорт, кој денеска беше избран на Седница на советот на Општина Тетово.

 

-Точен датум кога ќе стартуваме немаме,но се надевам во наредните месеци. Имаме многу предизивци, вознит ред е детерминиран,но може на пример една автобуска линија да претрпи измени, согласно теренот и измените. За почеток се планира една линија на главните улици на која ќе се движат 5 од вкупно четири автобуси, истакна новиот управител на Тетово Транспорт Дарко Спировски.

Тој додаде дека ќа има можност за користење и на печатени билети, но и електронски картички, согласно НФЦ технологијата за надополнување.

Петте автобуси за јавен превоз во Тетово пристигнаа на 17 јануари. Истите беа привремено паркирани во дворот на противпожарната единица, додека сега се паркирани во приватна компанија во Тетово.

Новиот управител Спировки пред присутните образложи дека се планирани над 18 милиони денари, како за приходи така и за расходи на претпријатието.