Тетово , 12 лица пријавиле во полиција дека биле каснети од кучиња

0
77

За една недела 12 лица во Тетово биле каснати од кучиња, покажуваат податоците на Секторот за внатрешни работи, Тетово. Најзагрозени се децата, но и постарите лица, кои често седат по паркови, каде што, како што можете да видите, лежат кучиња скитници.

 

„Кучињата се кучиња скитници, седат по улица, нема што да правиме. Да загрозени сме. Не се случило да нè нападнат, но може да се случи “.

Раководителот на центарот за третирање на кучиња скитници, Рами Селмани за Алсат изјави дека граѓаните биле претходно предупредени дека во текот на оваа сезона, кучињата скитници како резултат на студ и недостиг на храна стануваат бесни и често се случува да напаѓаат. Тој се жали дека парите дадени од општината не се доволни за третирање на големиот број кучиња што ги има Тетово.

 

„Предупредив за ова пред еден месец, дека ќе има кучиња и ќе бидат агресивни поради студот и недостаток на храна. Не успева да се покрие со оваа сума на пари, може да се зголеми уште повеќе, сепак, ако и другите општини не преземат мерки, залудно е, безвредно е“.

 

Од општина Тетово велат дека во буџетот годинава се издвоени дополнителни средства за третирање на кучиња од два милиони евра. Но, според шефот на центарот за третирање на кучиња, таа сума не е доволна.

 

Зголемувањето на бројот на бездомни кучиња низ улиците во градот често се случува токму поради небрежноста на руралните општини. Тие завршуваат во градот и бараат храна во контејнери