Јовески: Повторената постапка за „Монструм“ ги отстрани сомнежите за монтиран процес

0
63

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, во интервју за „Дојче Веле“ зборуваше за случајот „Монструм“. Тој рече дека сторителите се обвинети врз основа на цврсти и неспорни докази.

Тој рече дека повторената постапка на случајот, ги отстрани сомнежите за монтиран процес.

Пред се би сакал да кажам дека е погрешна перцепцијата во јавноста дека пресудата е укината само поради евентуално постоење на прислушувани разговори. По жалбата на обвинетите, Врховниот суд утврди дека вистинитоста на решавачките факти се доведува под сериозно сомневање и укажа дека при повторната постапка потребно е да се изврши реконструкција на настанот и од аспект на исказот на загрозениот сведок, дека на одбраната не и е овозможен увид во возилото со што е повреден принципот на еднаквост на оружјето, но и на други околности од утврдената фактичка состојба.“, вели Јовески.