Познатиот рокер ќе стане татко на 61 година

Тапанарот од бендот  „Guns N’ Roses“ Мет Сорум ќе стане татко по прв пат на 61 гоина.

Музичарот и неговата сопруга Ејс Харпер (36) на Инстаграм ја објавија среќната вест дека очекуваат бебе.

Со оваа објава, поставија и зааедничка фотографија на која трудницата е во долна облека.

„Воодушевени сме поради овој Божји дар, нашето девојче“, напиша Мет, кој со 24 години помладата танчарка се ожени во 2013 година.

„Возбудени сме што на нашата ќерка ќе можеме да и ги покажеме бројните можности кои живото ги нуди“, наведе среќниот пар.