Американец пронајден мртов во стан во Скопје

0
23

На 27.03.2021 во 18.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Скупи“ бил пронајден починат М.В.Д.(66) од САД, со престој на ул.„Скупи“, наведено е во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, се вели во полицискиот билтен.