(ВИДЕО) Во Белград оро кај споменикот на Стефан Немања, спротивно на епидемиолошките мерки

0
43

– Во Белград на Савскиот плоштад кај споменикот на Стефан Немања синоќа голема група луѓе играа оро, што е спротивно на анти-епидемиолошките мерки, јави допсиникот на МИА од Белград.

Видеото, кое се појави на социјалните мрежи, прикажува граѓани во близина на споменикот на Стефан Немања, како го играат Ужичкото оро.

Растојанието не се почитуваше, а собраните не носеа ниту маски, носеа српски знамиња, а се гледаат и голем број луѓе кои ги снимаат оние што играат оро.

Претходно, неколку стотици луѓе се собраа на Плоштадот на републиката, во знак на протест против новите мерки донесени од Владата на Србија поради големиот број заразени со коронавирусот. Собирот, најавен преку социјалните мрежи, беше наречен „протест против глобализмот и корона диктатурата“.

Собраните претежно не носеа заштитни маски и извикуваа пароли: „Не сакаме мигранти“, „Не ги даваме светилиштата“, „Да живее слободата“, „Уа кризниот штаб“!

Денеска со реакција се јавија повеќе медицински работници.

– Што да кажам со слободни зборови – ние во Брзата помош и сите други лекари изгинавме. Јас сум малку резигниран за она што се случува во нашата земја. Ние сме надвор на теренот и гледаме што се случува во градот. Искрено, ова играње оро, терањето инает и шеги не знам за што служи, изјави Д-р Александар Стијачиќ од Брзата помош во Белград.

Тој додаде дека овие луѓе требаше да дојдат синоќа на Инфективната клиника за да видат како само изгледа, сцените потсетуваат на оние од партизанските филмови – трагедија е тоа како изгледа.

– Луѓе таму чекаат на ред, многу болни, имавме 140 или 150 повици,сите сме во скафандери, сите клиники во Белград се во ковид системот, освен Ургентниот центар и Воено-медицинската академија, возиме пациенти низ Србија, рече Стијачиќ.

Професор д-р Радмило Јанковиќ, заменик директор на Клиничкиот центар во Ниш, побара од државата да ги преземе работите во свои раце.

😳 pic.twitter.com/WEYuQlPVy4

— Luka 5.0 🇮🇪-Мен #јерменианлајфметерс#савинсведок (@Lu__ka____) March 20, 2021

сување е целосно неприфатливо. Можете да замислите здравствени работници кога гледаат такво однесување. Во меѓувреме, беше неприфатливо да се одржат концерти. Вчера видовте сцени кои навистина не ни служат на честа како општество. Ако дојдовме до тоа да не проучуваат за неколку години во учебниците за епидемиологија како нешто што не треба да се прави, тоа се случи синоќа пред старата железничка станица. Ова е руски рулет кој луѓето го играат со своето здравје, изјави Јанковиќ.