(ВИДЕО) Челзи делува одлично под водство на Тухел

0
97

Во рамките на 27. коло од англиската Премиер лига екипата на Челзи го пречека Евертон на домашен терен и на крајот дојде до рутинска победа од 2:0.

Евертон беше во серија од три победи во низа, но составот на Карло Анчелоти не покажа премногу на „Стемфорд Бриџ“, па Челзи без поголеми проблеми дојде до победата.
„Сините“ дојдоа до четвртото место на табелата и имаат 50 бода, а од доаѓањето на Тухел се сосема друга екипа, по што легитимно се поставува прашањето каде ќе беше клубот сега ако Германецот од првиот ден седеше на клупата.

Водечкиот гол беше постигнат во 31. минута, Каи Хаверц упати удар, а Годфри несреќно ја испрати топката во сопствената мрежа. Хаверц имаше голема заслуга и при вториот погодок во 65. минута.

Имено, тој успеа да дојде до топката пред Пикфорд, кој направи прекршок, па судијата покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде Жоржињо кој беше сигурен реализатор на најстрогата казна. Хаверц успеа да постигне и гол, но истиот оправдано беше поништен бидејќи претходно играше со рака.

Челзи за пет дена му гостува на Лидс, а Евертон го дочекува Барнли и ќе брка победа со која ќе ја продолжи потерата за првите четири позиции на табелата.

https://hofoot.elhighlights.com/embed/jh9dorCA0RHqT