Внукот на Тито осуден на затворска казна во Белград

0
104

Едвард Броз (70), еден од внуците на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, е осуден во отсуство во Високиот суд во Белград на осум месеци затвор, објави „Танјуг“.

Тој е осуден за сообраќајна несреќа во 1992 година во која загина негов пријател.

Едвард Броз е осуден во отсуство, бидејќи тој е во бегство од 2008 година и наводно живее во Загреб.

Тој побегна во Хрватска веднаш по несреќата во Земун, но беше уапсен 16 години подоцна на 21 јануари 2008 година на граничниот премин Батровци, кога се обиде да влезе во Србија.

По три дена, тој беше ослободен да се брани од слобода, но му беше одземен пасошот и му беше наредено да се јавува во полиција на 15 дена.

На крајот на март 2008 година, Броз се појави на почетокот на судењето пред Високиот суд во Белград и ги презентираше одбраната и каењето за смртта на неговиот пријател, но тој повторно избега.

Поточно, тој не се појави на рочиштата во мај, јуни и септември 2008 година, па судот издаде меѓународна потерница за него во октомври истата година.

Случајот беше одложен во Високиот суд во Белград, но судењето започна во негово отсуство на почетокот на минатата година.