ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: На Хаваите евакуација на илјадници луѓе поради поплава (ВИДЕО)

0
50

Гувернерот на Хаваите Дејвид Иј прогласи вонредна состојба поради поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови, а властите наредија евакуација на неколку илјади луѓе од загрозените области.

Поради обилните врнежи од дожд, браната на островот Мауи првпат пукна пред неколку дена, што уништи голем број куќи.

Оштетени се и неколку мостови на овој остров, пренесува Си-Ен-Ен.

Градоначалникот на Хонолулуа исто така ги повика жителите на внимателност и да се евакуираат.

Обилните дождови се очекува да траат до петок.