Нова студија: Британскиот сој е многу посмртоносен од обичниот коронавирус

0
57

Претходно се знаеше дека оваа варијанта на коронавирусот се шири околу 50% побрзо, но една нова студија, објавена на платформата medRxiv, која сè уште не е оценета од независни рецензенти, покажа дека е околу 64% посмртоносна.

Студијата беше спроведена во Англија на голем примерок од 54.906 соодветни парови на учесници кои биле позитивни на SARS-CoV-2 во периодот помеѓу 1 октомври 2020 година и 29 јануари 2021 година. Учесниците биле следени до 12 февруари 2021 година и биле соодветни според возраста, полот, етничка припадност, индекс на повеќекратна депривација, регион на локална самоуправа и датум на позитивно тетсирање, така што тие се разликувале само по сојот со кој биле заразени. Ова ја елиминира можноста дека причината за зголемена смртност може да биде нешто друго освен самиот вирус.

„Стапката на смртност поврзана со инфекцијата VOC-202012/1 (друго име за британскиот сој) во споредба со инфекцијата со верзиите што циркулираа претходно беше 1,64 (95% интервал на точност од 1,32 до 2,04) кај пациенти кои биле позитивни на COVID -19 во заедницата. Во оваа релативно ниска ризична група, ова претставува зголемување на бројот на смртни случаи од 2,5 на 4,1 на 1.000 откриени случаи“, пишуваат авторите во воведот.

„Веројатноста за зголемен ризик од смртност како резултат на инфекција со VOC-202012/01 е голема. Ако ова откритие може да се генерализира на други популации, инфекцијата со VOC-202012/1 може да предизвика значителна дополнителна смртност во споредба со верзиите што циркулираа претходно. Ова откритие влијае на планирањето на здравствените капацитети и национални и меѓународни политики на мерки за контрола, а зголемената смртност дава тежина на аргументот дека се оправдани понатамошни координирани и ригорозни мерки за намалување на смртноста од SARS-CoV-2“, додаваат авторите на студијата.