Во Нигерија стигнале речиси 4 милиони вакцини преку програмата на СЗО

0
56

Нигерија денеска примила скоро 4 милиони дози вакцини од АстраЗенека против ковид-19, објави Министерството за здравство на таа земја на социјалните мрежи.

Контингентот од 3,92 милиони дози вакцини е прва испорака за најнаселената африканска земја, според Би-Би-Си.

Нигерија сега е трета западноафриканска земја што примила вакцина против коронавирус, по соседните Гана и Брегот на Слоновата Коска, и сите се доставени преку програмата COVAX на СЗО.

COVACS е глобална иницијатива која им помага на сиромашните и помалите земји да добијат пристап до вакцините.

Националната агенција за развој на примарната здравствена заштита (НПХЦДА) вчера објавила дека прво ќе се вакцинираат здравствените работници кои се на првата линија на борбата против пандемијата, пренесува Би-Би-Си.