Во Ниш три пати повеќе луѓе од вчера, ги враќаат тие што немаат закажано за вакцина

0
21

Откако вчера голем број македонски граѓани беа вакцинирани во Ниш без да имаат закажано, денеска таму тргнаа стотици и стотици луѓе, но според извештаите на оние што се таму пред спортската сала „Чаир“, голем дел од нив ќе останат без вакцини. Како што вчера изјавија српските власти продолжувањето на вакцинацијата за време на викендов ќе биде спроведена само кај оние што претходни имаат закажано или пак се пријавиле преку српската стопанска комора.

„Има ред од 300 метри. Нас нѐ вратија, бидејќи немаме закажано. Не знаат ни дали ќе им стигнат дози за пријавените“, изјавил Радио МОФ, 24-годишниот Петар М.

Вчера не беше така. Сите што пристигнаа беа вакцинирани, без оглед дали биле пријавени или не. Дури некои што имале закажан термин во Белград застануваа по пат во Ниш за да ја пробаат среќата таку да ја добијат вакцината и да не одат во белградскиот Саем, каде што се собраа дури дваесетина илијади луѓе од целиот регион