Гаши: Пристапот на Бугарија го трасира патот за влијание на Србија

0
65

Бугарија направи грешка што ја блокираше Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, напиша претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во текст на својата анализа, за потребите на бугарската новинска агенција БГНЕС.

Во својата статија, Гаши оценува дека бугарскиот пристап не придонесува за добрососедски односи и дека требаше да се овозможи решавање на проблемите во следните пет или шест години, за време на патот на земјата кон ЕУ.

„Хоризонталната оска на Балканот е многу важна. Сметаме дека е од стратешки интерес на нашата земја да се поврзе со Јадранското Море и Црното Море, како и нашите земји да негуваат економски, културни и други односи, не дозволувајќи унапредување на односите со вертикална оска, која работи совршено “, рече Гаши, објаснувајќи дека вертикалната оска е Атина-Белград, што ги нарушува односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.

„Затоа велам дека Бугарија мора да биде претпазлива во овој контекст. Видовме како Вуќич ја доставува вакцината во Табановце, а тоа не го прави Бугарија, која ја имаме како прв сосед и истовремено земја-членка на ЕУ, што всушност требаше да биде прва земја што ќе ни помогне да го вакцинираме населението“, пишува Гаши.