Заев – МАНУ мора да го смени името, оти Преспанскиот договор е закон

0
93

Премиерот Зоран Заев, денеска уште еднаш потврди дека името на Македонската академија на науките и уметностите мора да се смени. Претходно претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев остро реагираше на барањата институцијата да биде преименувана во Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија, а со тоа Македонската академија на науките и уметностите стана првата државна институција која и официјално се спротивстави на промената на името.

Сепак според Заев, залудно е писменото обраќање на академиците до законодавниот дом и до Владата со  барање законот за нивно преименување да биде повлечен, бидејќи како што рече денеска, Преспанскиот договор претставува Закон кој мора да се почитува, а тоа значи дека и покрај заложбите на дел од академиците за зачувување на името на институцијата, таа на крајот ќе мора да биде преименувана.