Почна пописот – први се попишуваат лицата во затворите, војската, бездомните лица…

0
44

Денеска започнува попишувањето на одделни категории на лица онака како што е предвидено во методологијата.

Од денеска ќе се попишуваат  лицата кои за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено- поправни и воспитно-поправни установи, лицата кои се на  служба во дипломатско-конзуларните претставништва на нашата земја и  членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив, како и бездомните лица.