Заев реизбран за претседател на СДСМ со апсолутно мнозинство гласови

0
43

60.840 гласови „за“, 888 „против“ и 249 неважечки ливчиња е епилогот од внатрепартискиот избор. Опозицијата со жестоки реакции и обвинувања околу самите избори но и преиодот во кои се одржуваат и ризикот кој го носат

СКОПЈЕ – Зоран Заев ја доби довербата на членовите на СДСМ и по трет пат е избран за лидер на партијата. На денешните внатрепартиски избори, први од овој тип во Северна Македонија, тој победи со апсолутно мнозинство на гласови. Право на глас имаа 68.999 членови на партијата кои го ажурираа своето членство а се гласаше на 237 места во 80 општини низ државата. Заев немаше противкандитат а гласачите имаат две можности да „заокружат“ за или „против“.

„Имајки предвид слободна изразената воља на гласачите за претседател на СДСМ е избран Зоран Заев“, најави Викторија Мадиќ, претседател на Централната изборна комисија на СДСМ два часа по завршувањето на изборите.

А резултатите говорат дека Заев го доби апсолутното мнозинство и поддршка од членовитеодносно гласачите.

Oд 61.979 гласачки ливчиња, или 90 отсто од регистрираните гласачи, Заев ја доби поддршката од 60.840 гласачи, 888 биле против а имало и 249 неважечки ливчиња.

Старо новиот претседател дојде во партиското седиште околу 21 часот а потоа одржа и прес конференција.

Во своето обраќање тој им се заблагодари на членовите за укажаната доверба и нагласи дека со овие избори се унапредува демократијата