Изет Меџити поднесе оставка, нема повеќе да биде координатор на пратеничката група на ДУИ

0
153

Почитуван претседател на Собранието на Република Северна Македонија, г-дин Талат Џафери

Дозволете ми, како координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, да изразам искрени честитки за вашата повеќе од конструктивна улога и вашата неприкосновена посветеност, што секогаш резултираше со ефикасност во работата на највисокото законодавно тело на и донесе дополнителни демократски вредности во домот на демократијата.

Инаку, таа, демократијата, секогаш не само што дозволуваше, туку и ја промовираше и иницираше дебатата, а со тоа и различното мислење, не само во општеството и во храмот на демократијата, републичкиот парламент, туку дури и во рамките на еден политички субјект.
Јас, во текот на овие 20 години активен политички живот, секогаш докажував дека сум приврзаник и бранител, без никакво сомневање во себе, на двата главни принципи на демократијата: гласот на слободната мисла и силата на гласот на мнозинството на гласачкото тело.

Различното мислење е повеќе од здраво за демократско општество, додека силата на гласот на изборното мнозинство е главната одредница за концептуалноста на демократијата на сите нивоа.

Поради оваа причина, стојам достоинствено зад овие веродостојни принципи, останувајќи силно зад личните ставови, сега почесто изразени во јавноста. 

Продолжувам да бидам чувар на политиките и идеалите на претседателот Али Ахмети, како и на гласот на гласачот на ДУИ, кој во сите изборни циклуси го даде најсилното оружје во наши раце, за да го оствариме она што го ветивме Ова беше и ќе остане мој идеал, а не лични позиции и привилегии.

Со почит,

Изет Меџити
https://www.facebook.com/127159617358682/posts/5226903407384252/