КАНАЛ 5 – Дали двоецот Груби-Османи водат паралелна дипломатија,од владата засега без конкретен одговор!?

0
23

Во чие име зборувал Груби од владата засега нема конкретен одговор.

-Владата во моментов нема за ова коментар, ги проверуваме сите овие наводи за кои зборувате, изјави Душко Арсовски, портпарол на владата

Груби изјавата ја даде по вчерашната средба со в.д претседателката на Косово, Вјоса Османи во Приштина, прашан дали министерот за надворешни Османи при посетата на Мадрид ќе побара од Шпанија, која е една од најтврдите противници на косовската независност и со години не попушта на притисоците на западните сојузници, да го признае Косово.

„Апсолутно да, прашањето со Косово е на приоритетната листа на г-динот Османи. Исто така е и приоритет на нашата партија како учесник во македонската Влада. Со г-ѓа Вјоса Османи исто така дискутиравме дека секогаш ќе ја има нашата поддршка, било мојата како вицепремиер, или на министерот за надворешни работи Бујар Османи, но и на Али Ахмети, затоа што Косово е наш приоритет“, изјави Артан Груби, вицепремиер

Својата сестрана поддршка на Косово, пред три години, тогаш како вицепремиер ја демонстрираше и Бујар Османи, кога одби да учествува на Конференција за Западен Балкан во Бања Лука, во знак на негодување што Приштина не била поканета на собирот. За поранешниот амбасадор Ристо Никовски ваквите пораки воопшто не се изненадување во услови кога фокусот на дипломатијата треба да е деблокада на бугарското вето и лобирање во Брисел.

Офијален Белград засега не излегува со реакција, но медиумите во Србија жестоко го критикуваат потегот на Груби. Македонија го призна Косово во 2008-ма година, но досега, барам официјално, ниту еден владин претставик не се стави во улога да лобира кај трети земји да ја признаат косовската независност, нешто што според познавачите, се смета за недозволиво. Груби на средбата со Вјоса Османи побарал и добил ветување дека Приштина ќе се ангажира албанската дијаспора да се вклучи во процесот на попис во Македонија.

ПРЕЗЕМЕНО ОД КАНАЛ5