По 16 години пронајден жив: Полицаец исчезнал во цунами, го пронашле деценија и пол подоцна во лудница

0
21

Полицаец од Тајланд кој исчезнал пред 16 години по разорните земјотрес и цунами, бил пронајден жив во психијатриска клиника.

Полицаецот, кој бил прогласен за мртов по цунамито во Индонезија во 2004-та година, бил пронајдени жив откако наводно доживеал нервен слом по трагедијата и последните 16 години ги минал во психијатриска болница.

Абрид Асеп бил на должност кога цунамито од Индиски океан ја погодил Индонезија на 26-ти декември 2004-та година, рекло неговото семејство.

Неговите роднини биле скршени бидејќи верувале дека тој е меѓу 230.000 загинати кога брановите со висина од 30 метри ја зафатиле југоисточна Азија, пренесува “Daily Mail”.

Меѓутоа, по речиси две децении тага, Асеп бил пронајден и обединет со своето семејство, пренесуваат локалните медиуми.

Пронајден во психијатриска болница

Асеп бил пронајден во психијатриска болница во провинцијата Ацех, откако доживеал проблеми со менталното здравје предизвикани од траумата поради тоа што го сведочел во текот на цунамито.

Според зборовите на семејството, прогласен бил за исчезнат откако природната катастрофа ја погодила провинцијата Ацех, а подоцна бил прогласен за мртов. Меѓутоа, минатата недела доживеале шокантно откритие кога дознале дека Асеп и натаму е жив, а семејството почнало да споделува негови фотографии.

“Не можам да верувам. Повеќе од 16 години немаме вести за него и мислевме дека е мртов. Немавме поим дека е се уште жив”, рекол еден роднина.

Локалната полиција го потврдила идентитетот. Не е познато зошто неговото семејство не било известено дека се наоѓа во установата.

Индонезија е нација која била најпогодена кога земјотресот во Индискиот океан предизвикал цунами на 26-ти декември 2004-та година.

Бранови со висина од 30 метри ги погодиле Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд. Само во Индонезија починале повеќе од 200.000 луѓе.