Курти: Уставот на Косово не дозволува обединување со Албанија

0
72

Лидерот на движењето „Самоопределување“, Албин Курти, порача дека уставот на Косово не дозволува евентуално обединување на Косово со Албанија.

За време на неговата посета на Љеш во Албанија, Курти истакна дека обединувањето е желба на сите Албанци, но дека за такво нешто ќе биде потребно време и во моментов не е изводливо.

За жал, уставот на Косово е контрадикторен. Еден член наведува дека Косово е независна држава, а во друг дека е забрането да се обединува со друга држава. Во исто време, тоа е пречка за европската интеграција – изјави Курти.

Тој исто така порача дека е несомнено оти Албанија и Косово мора да бидат координирани кон приближување, интеграција и унија, особено во клучните области, како што се безбедноста, надворешната политика, како и енергијата и природните ресурси.