Најлоши поплави околу Сиднеј во последните 60 години, илјадници се евакуирани (ВИДЕО)

0
24

 

 

Австралиските власти планираат денес да евакуираат уште илјадници луѓе од предградијата на Сиднеј кои се погодени од поплавите, најлоши кои ја погодиле оваа област во последните 60 години.

 

Дождот не престанал да паѓа три дена и надојдените реки во најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс предизвикале голема штета и довеле до масовна евакуација на населението.

Досега се евакуирани скоро 2.000 лица, соопштија итните служби.

Надојдената вода носела куќи, возила и добиток, потопила патишта, мостови, куќи и фарми.

Големи делови од источниот брег од понеделник ќе бидат погодени од обилни врнежи од дожд, а времето не се очекува да се смири до среда.

Издадено е предупредување за сериозна поплава за големи делови на Нов Јужен Велс и соседниот Квинсленд.