Полицискиот час ќе трае најмалку две недели, рече Филипче

0
49

Полицискиот час кој го предлага Комисијата за заразни болести може да трае најмалку две недели, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој на денешната седница на Кризниот штаб предложил повторно да се воведе полициски час поради зголемениот број на позитивни на ковид-19.

Предлогот на Комисијата за полициски час од 22 до 5 часот наутро ќе биде разгледуван на утрешната владина седница.Евидентно беше во последните неколку недели зголемување на случаите. Ударот не е таков каков што беше на почетокот на ноември, но без разлика, сакаме да бидеме подготвени, рече Филипче

Се покажа дека има собири после 22 часот, угостителски објекти кои не почитуваат мерки, собири на јавни места и затоа е оваа мерка, додаде Филипче

Тој истакна дека спроведувањето на пописот не е доведен во прашање засега.