21 годишна девојка со „мерцедес“ усмрти тинејџер-велосипедист во Струга

0
96

21 годишна девојка вчера со „мерцедес“ прегазила и усмртила 17-годишен велосипедист во струшко.

– На 07.03.2021 во 11 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на регионалниот пат Струга-Охрид, помеѓу селото Подмоље и Автокамот камп „Андон Дуков“, патничко моторно возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Р.(21) од Струга удрило во 17 годишен велосипедист од селото Ливада, струшко, потврди Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Тинејџерот починал на самото место на незгодата, додека К.Р. била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде и биле констатирани телесни повреди, истакна Димоски.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Охрид.