ПОРАНЕШНИОТ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО АРСЛАНИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА СТРУШКАТА БОЛНИЦ

0
24

Арменд Арслани, поранешниот заменик министер за здравство доаѓа на местото на Асани, по добивањето отказ по случајот со родилката Јилдиз Веапоска, на која и беа извадени три органи при породување.

Арменд Арслани е доктор по општа медицина и специјализант по урологија и уролошка хирургија. Тој дипломирал општа медицина на Медицинскиот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, а во тек е неговото професионално и научно усовршување како специјализант по урологија и уролошка хирургија на истата научно-образовна институција.

Од 2018 година е член на Управниот одбор на Специјализираната болница по нефрологија во Струга со што се стекнува и го применува своето искуство и во менаџирањето на стручните и економските ресурси на болницата.

Во текот на својата професионална кариера редовно посетува специјалистички семинари и учествува на студиски престои во земјата и во странство.

Бил стажант на Програмата за стажирање на Факултетот за медицина на универзитетот во Истанбул, на одделението за урологија и учествувал во стручни обуки за примена на најнови методи за дијагнози и интервенции, како член на Асоцијацијата на албанските лекари и на повеќе конгреси и семинари презентирал студии на случај од неговата професионална пракса, а работел и на преводот на „Водичот на Европската асоцијација на Уролози.