Пукање во салони за масажа во Атланта, 8 загинати

0
19

Најмалку 8 лица загинале откако вооружен маж вчера отворил оган во два салона за азиска масажа во американскиот град Атланта и во уште еден град во околината.

Полицијата соопшти дека го уапсила 21-годишниот Роберт Лонг, врз основа на снимка од видео надзорот што беше објавена на Фејсбук. Веруваме дека осомничениот Лонг е одговорен за нападите, се вели во соопштението на полицијата.

Јужнокорејското министерство за надворешни работи соопшти дека негови дипломати во Атланта добиле потврда од полицијата оти 4 убиени жени во нападите се од корејско потекло.