Мицкоски: Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден, а луѓето од власта трошат по еден стан за еден одмор

0
16

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше поради тоа што и покрај тоа што епидемиолошката ситуација во Македонија е лоша, високи луѓе од власта заминуваат на одмор во луксузни дестинации.

„-Над 60 илјади граѓани ги загубија своите работни места;

-Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден;

-3364 наши сограѓани ги загубија животите поради корона;

-Имаме жестока здравствена криза и полициски час.

Секој ден е нова борба со животот. Што направија луѓето од власта? Заминаа на одмор во Мексико и Дубаи. Трошат по еден стан за еден одмор.

Од таквата одлепеност од реалноста на човека му доаѓа мачнина и гадење.

Дезертери и криминалци ја водат земјата“, напиша Мицкоски.