Северна Македонија ги преминува сите граници: Захариева луто по последниот случај со книгите запрени на Деве Баир

0
19

недопуштени, смета шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина захариева. Во емисијата на Нова.бг рече дека се уште ја чекаат реакцијата од македонска страна, откако вчера на граничниот премин Деве Баир не била дозволена пратка со 920 книги наменети за Бугарскиот културно-информативен центар во Македонија.

-Мислам дека сите граници веќе почнуваат да се минуваат. Се уште ја чекаме реакцијата на С. Македонија. Многупати им рековме дека работите нема да се случат на овој начин. Тие мора да ја запрат својата кампања против Бугарија. Очигледно тие не сакаат оригиналите на овие книги да бидат таму и луѓето да ги читаат, истакна Захариева во гостувањето во Нова.бг.