СИТЕЛ – БОЛНИЦИТЕ СЕ ПРЕПОЛНУВААТ СО КОВИД ПАЦИЕНТИ

0
21

Веќе два дена се вршат само итни операции во ГОБ „8ми Септември“ и на хируршките клиники кои дел од капациентите ги пренаменија за ковид болни. Хроничниот програм со пациенти за интервенција на перде, жолчка, бубрег, вештачки колк е ставен во мирување во следните 2 недели. Во Скопје е хаос со наоѓање на празен болнички кревет, но министерот за здравство уверува дека со обезбедениот простор на пластична, торакална и кардиологија никој нема да остане во ходниците. Иако Филипче во ноември сам побара помош од приватните болници, засега не го гледа спасот во веќе подготвениот ковид центар во поранешна „Мала Богодорица“ каде има 100 слободни кревети.

– Многу полесно е тука да се организира работатат, тука е експертизата под контрола на лекарите пулмолози, сепак е тука системот на ротација на кадарот и префрлањето на пациентите од една во друга клиника согласно тежината на клиничката слика, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Бројките покажуваат дека на болничко лекување во вмоментот има 1224 пациенти со компликации од ковид а слободни кревети во главниот град има само 40 кревети. Иако притисокот врз здравствените установи  е голем а за тоа реагираше и Лекарската комора со барање на дополнителни мерки, Филипче очекува во следниот период да има стабилизирање на состојбата. Во спротивно веќе имаат сценарио за нови рестрикции.

Следни чекори би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратувањето на работата на угостителските објекти, дополнително од тоа што е сега до 21 часот. Тоа е следното можно сценарио, на почетокот на следната недела ќе се прави проценката, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче и Комисијата за заразни болести во понеделник ќе ја анализираат епидемиолошката состојба по што ќе знаат кои ќе бидат следните чекори.

ПРЕЗЕМЕНО ОД СИТЕЛ