Србија од мај почнува со производство на вакцината „спутник В“

0
94

До 20 мај почнува производството на руската вакцина „спутник В“ во Србија, на Торлак, јавива српските медиуми.

Србија, според ова, ќе биде прва земја во Европа која ќе ја произведува вакцината.

Производство на вакцината на Торлак ќе значи дека на граѓаните во секој момент ќе им биде достапна.

Министерот за иновации Ненад Поповиќ изјави дека Србија прва во Европа ќе ја произведува руската вакцина и ќе може да ја извезува во цела Европа.

„Кога станува збор за количините, ова е прва фаза, во која ќе се произведат четири милиони вакцини“, рече Поповиќ.

Тој вели дека до крајот на март ќе биде потпишана Спогодба за трансфер на технологија со руските партнери, а до 16 април ќе стигнат помали количини супстанци во Белград, од кои ќе се направат валидациони серии вакцина на Институтот Торлак.

„Овие валидациони серии, во рок од неколку дена, ќе бидат пратени назад во Русија на анализа која ја спроведуба реномираниот Институт Гамалеј“, објаснува министерот.

Тоа трае 21 ден, а по потврдата од нивна страна, почнува регуларната испорака на поголеми количини супстанци кои ќе служат за производство на вакцината во Србија.

Поповиќ вели дека првата фаза од производството на руската вакцина во Србија подразбира транспорт на супстанците, полнење во шишенца во согласност со највисиоки технолошки стадарди, пакување и дистрибуција на вакцините во Србија и во регионот.

„По првата фаза, почнува изработка на студија за изводливост за прозиводство во таканаречен полн циклус, кој подразбира производство на супстанциите во Србија. Тоа бара набавка на сложена технолошка опрема и проширување на капацитетот на Торлак, но веруваме дека производството во полн циклус може да почне до крајот на оваа година“, додаде Поповиќ.