Тетовска болница – Најпогодени се оние на возраст од 40 до 50 години

0
23

Како и многу други центри, и Тетовската болница се соочува со зголемување на бројот на хоспитализирани. Од овој центар известуваат дека најпогодени се оние на возраст од 40 до 50 години Во овој центар нема хоспитализирани деца.

Повеќето пациенти со Ковид се во сериозна состојба, особено оние кои имаат истовремено и други заболувања, додека другите пациенти имаат клиничка слика во рамките на нормалата

„Имаме пациенти помлади од 50 години, така што секој млад човек треба да биде особено внимателен да носи маска, да држи дистанца, хигиената на рацете, можеби стана досадно, но младите треба да знаат дека досега тие не биле многу заразени, но ги заразуваат нивните семејства, но сега мора да знаат дека и тие можат да бидат жртви на овој вирус “. истакна д-р ГЗИМ НУРЕДИНИ – координатор на КОВИД центарот во Тетово

Од тетовската болница велат дека за среќа нема деца кои биле позитивни на тестот и се лекуваат во овој центар.

„За среќа, велам дека сè уште немаме хоспитализирани деца во Тетовската болница. Вирусот влијае и на децата со кои ќе бидеме подготвени да ги хоспитализираме доколку е потребно.истакна д-р ГЗИМ НУРЕДИНИ – координатор на КОВИД центарот во Тетово

Според извештајот на Министерството за здравство, во Тетово и околните општини има над 6.000 инфекции со КОВИД-19, односно над 550 активни случаи.