Фатмир Лимани се уште не си дал оставка од ЕЛЕМ,

0
24

Нејасна и подеднакво мистериозна е најавената оставката на заменик директорот на ЕЛЕМ, Фатмир Лимани.

Иако вети дека ќе се повлече од функцијата, тој сè уште нема поднесено официјално оставка.

Во Елем за Глас.мк рекоа дека сè уште немаат информации за такво нешто, додавајќи дека ќе информираат за ова прашање без да прецизираат нешто поконкретно.

Пред неколку дена Лимани изјави дека и наредил на партијата да го смени од функцијата, но тој самиот не поднесува оставка од институцијата каде што сè уште е официјално заменик-директор, или како што информираат наши извори тој сè уште не испратил писмо до ЕЛЕМ, за неговата оставка.

Да потсетиме, Фатмир Лимани е функционер на најголемата албанска партија ДУИ околу 20 години, а пред неколку дена Лимани изјави дека ќе се кандидира за градоначалник на Општина Кичево како независен кандидат.