Филипче: Очекуваме ситуацијата да се смирува, денеска помалку од 1.000 новозаболени

0
17

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција вели дека подготвени се доколку треба, да се воведат дополнителни рестрикции, но очекуваат смирување на ситуацијата, па така, сегашниот полициски час е сосема доволен.

– Денеска имаме нешто помалку новозаболени, бројката е нешто под 1.000. Очекуваме во следниот период во таа насока да оди ситуацијата. Односно да има стабилизирање. Односно полициксиот час што беше препорачан минатата недела да ги даде своите резултати. Спремни сме да препорачаме и дополнителни рестрикции, но во секојднева комуникација и со тимот кој ги координира приемтие болнички и со членовите на Комисијата за заштита од заразни болести засега сметаме дека дополнителни рестрикции не се потребни – рече Филипче.

Во однос на сместувачките капацитети тој рече дека на почетокот на неделава имаше забрзано полнење на болничките капацитети, пред се на интерните клиники и со цел да обезбедиме доволно простор оној дел на хируршките клиники којшто за време на кризата претходниот бран никогаш не се пополни, ставен е во функција.

– Сега и интерните клиники има доволно кревети празни, слободни, така како што беше во пик на бранот во ноември. Меѓутоа, сакајќи да обезбедиме дополнителен простор обезбедимве уште едно одделние тоа е за пластична хирургија и уште едно на приземјтео. Тоа се одделенија на хирургија кои имаат посебни влезови за да не се контаминираат оние заеднички простории на хируршките клиники и лифотвите. Сега се слободни за сместување ковид пациенти. Потенцијално и најгорниот кат на клиниката за кардиологија тоа се вкупно дополнителни, од оној максимален капацитет во вториот бран во ноември, 100 кревети повеќе за овие пациенти.
Ова го правиме за сигурност за секој пациент кој има потреба да биде сместен – додаде Филипче.