Нов земјотрес во Гостиварскиот регион

0
20

На 14 километри југозападно од Гостивар вечерва повторно е регистриран земјотрес. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар првично извести дека земјотресот бил со јачина од 3.8, но подоцна податоците ги промени во 4.5 според Рихтер

Веќе неколку дена тлото во Гостиварскиот регион не се смирува. Серија земјотреси со епицентар во Маврово беа регистрирани во последниве два дена, а локалната власт ги предупреди жителите и граѓаните кои викендов престојуваат во викенд-населбите во Маврово да не ја користат водата за пиење.