Се полнат болничките капацитети- Скопје жариште на коронавирусот

0
19

По порастот од над илјада новозаболени од Ковид-19, вчера Министерството за здравство регистрираше 541 нов случај на корона вирусот од направени 2.789 тестирања. Повеќе од половина од новодијагностицираните случаи се во Скопје. Починаа 19 лица на возраст од 55 до 89 години.

Зголемениот број на нови случаи од Ковид-19 го зголеми и бројот на пациенти со компликации кои се хоспитализираат. Така, во изминатите 24 часа во Скопје беа хоспитализирани 55 пациенти, а вкупно 428 сомнителни и потврдени лица се лекуваат на инфективните оддели. На ниво на држава, вкупната бројка на хоспитализирани е 1015 лица. Има околу 350 слободни кревети.

 

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

– Во текот на денот се прават исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, наведува Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во државата од почетокот на епидемијата изнесува 112.646. Бројката на оздравени е 97.687, на починати 3.319, а на активни случаи 11.640. Досега се направени 566.183 тестирања.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 49775, активни 5695
Прилеп 6101, активни 824
Куманово 5983, активни 410
Тетово 5790, активни 371
Гостивар 4070, активни 301
Кавадарци 3845, активни 616
Штип 3818, активни 186
Велес 3753, активни 324
Битола 3710, активни 306
Охрид 3577, активни 464
Струмица 2918, активни 225
Струга 2518, активни 174
Кочани 1954, активни 130
Кичево 1825, активни 52
Неготино 1591, активни 389
Гевгелија 1495, активни 318
Свети Николе 1147, активни 42
Крива Паланка 961, активни 131
Ресен 887, активни 93
Дебар 804, активни 17
Радовиш 780, активни 39
Делчево 763, активни 47
Берово 705, активни 60
Пробиштип 588, активни 43
Виница 538, активни 22
Валандово 408, активни 38
Крушево 372, активни 110
Богданци 337, активни 73
Демир Хисар 300, активни 40
Кратово 300, активни 26
Демир Капија 282, активни 49
Македонски Брод 260, активни 8
Пехчево 196, активни 9
Македонска Каменица 194, активни 2
Дојран 101, активни 6
Преса 24