Двајца заразени пратеници се во Собрание изолирани во посебни кабини

Петтиот пакет на мерки ќе биде изгласан денеска и без опозицијата и помошта ќе стигне до граѓаните, порача денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

Тој рече дека заразените пратеници дошле во Собрание со целосно испочитуван протокол на Комисијата за заразни болести , со дозволи и контрола од инфектолози.