Три лица убиени, а две тешко повредени во ресторан во Висконсин

0
19

Три лица се убиени синоќа, а две се тешко повредени откако лице отвори оган кон присутните во мал ресторан во американската сојузна држава Висконсин, соопштија властите. Во инцидентот повеќе лица се здобиле со полесни повреди.

Осомничениот за нападот во таверната во селото Сомерс во областа Кеноша сè уште не е уапсен. Властите веруваат дека нападот е „изолиран инцидент” и дека граѓаните не се во опасност. Се претпоставува дека напаѓачот ги познавал жртвите, но засега не се знае дали тие го познавале него.

Полицијата сè уште го утврдува идентитетот на загинатите.

Вечерашниот инцидент е последен во низата слични напади во САД, меѓу кои и убиството на осум лица во магацин на компанијата Федекс во Индијанаполис во четвртокот