Денеска пристигнуваат вакцини на Фајзер

Денеска во Македонија ќе пристигнат 10 илјади вакцини на Фајзер, а исто толку се очекува да пристигнат и на 26 април. Според агендата што ја објави Министерството за здравство, тие ќе бидат доставени со авион што ќе слета во Софија, а попладне со специјален транспорт ќе бидат донесени во Скопје. До сега се вакцинирани над 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на АстраЗенека, нешто помалку од три илјади има од руската Спутник V и околу илјада од кинеските вакцини.

Се верува дека во земјата веќе над 45 илјади лица ја примиле прва доза од вакцината, ако тука се додадат оние кои патуваа во Србија за вакцинирање. Во меѓувреме министерот за здравство Венко Филипче изјави дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот, но ќе бидат потребни одредени критериуми и нема да може тоа да го прави секој.