Комисијата за заразни болести објави протокол за присуство во Собрание на пратеници болни од Ковид – 19

Комисијата за заразни болести го објави протоколот според кој под одредени услови и преземени превентивни мерки пратениците кои се суспектни на ковид 19 и на кои одредена им е домашна самоизолација, а немаат симптоми на вирусот, ќе може да учествуваат во работењето на Собранието, односно да присуствуваат на собраниска седница и да го остварат своето право за гласање во една од поставените кабини во Големата сала.

Според овој протокол доаѓањето и враќањето дома на овие пратеници ќе биде овозможено на два начини:

– Со сопствено возило или со службено во кое возачот или сопатникот мора за цело време да носи заштитна маска. Пратеникот чека во возилото се додека не биде јавено дека сите останати пратеници се во собраниската сала.

– При влез во Собранието на пратеникот му се мери телесната температура.

– Доколку има повеќе пратеници во самоизолација нивното влегување во Собранието и во собраниската сала се организира со временска дистанца од 5 минути.

– Пратеникот за цело време на патувањето од и до дома носи заштитна опрема, а истата за цело време ја носи и додека престојува во собраниската кабина.

– По влегување во кабината се врши дезинфекција на рутата по која поминал. Откако гласањето ќе заврши се врши дезинфекција на кабината, а потоа повторно се дезинфицира патеката по која поминал.

– Овој протокол не важи за пратеници кои се или ќе бидат на интензивна нега.