Угостители: Банките и извршителите ни се закануваат, во вторник протест пред Министерството за финансии

0
32

Туристичко-угостителската комора на Македонија во вторник ќе протестира пред Министерството за финансии на денот кога треба да се одлучи дали и понатаму нема да може да се посетуваат рестораните и кафулињата.

Од таму велат дека како помош признаваат само директни неповратни грантови, бидејќи банките и извршителите веќе започнале да им го одземаат имотот. Протестот започнува во 12.00 часот и ќе трае до прифаќање на барањата за помош на секторот угостителство.

Не постои континуитет на економските мерки со цел задржување на работните места и опстојување на деловните субјекти, а веќе ни основна помош не е доволна за да преживеат луѓето кои работат во овој сектор. Бидејќи сме под закани за губење на домовите и објектите од банките и извршителите бараме:
Еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година.